18.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

Ганка се активира: Му одговори на Фрчкоски околу “МК измислена нација”

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова му реплицира на ексминистерот за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски за изјавата дека Македонија е „измислена“ по Втората светска војна од Титова Југославија.

„Фрчкоски тврди дека МК е измислена нација. Патем кажано, сите нации се измислени. Не случајно Бенедикт Андерсон ги нарекува ‘замислени заедници’.

Суштината не е во нивната лажност или вистинитост, туку во правото на самоопределување на нејзините членови!“, му одговори Цветанова преку својот профил на „Твитер“ на професорот и неуспешен претседателски кандидат.

поврзани објави

Последни објави