Бидете внимателни доколку сте во врска со овој знак затоа што тешко дека од него ќе добиете втора шанса да ја поправите својата грешка.
Неверството е сериозна закана за врската и обично значи крај. Но, некои хороскопски знаци тоа го поднесуваат многу полесно од другите, а доколку личноста која е изневерена е Близнак, тогаш шансите за смирување се најголеми.
Во моментот кога ќе дознае, прво мисли дека е шега, а дури подоцна кога ќе сфатат дека е вистина, ги фаќа хистерија. Но, нивната лутина е со краток век и многу брзо му даваат втора шанса на својот партнер.
И додека Близнаците се познати како луѓе кои најлесно простуваат неверство, еден знак никогаш нема да премине преку ова, а се работи за Јарец.
Луѓето родени во овој знак може да поднесат несогласување и ароганција на партнерот, но неверство никогаш. Ќе ве остават без ниту едно прашање зошто се случило тоа, а за помирување нема никакви шанси, не ни помислуваат на тоа.