18.8 C
Skopje
Monday, September 9, 2024

Земаат повеќе од една просечна плата – Кои македонски пензионери земаат пензија од 49.000 денари?

Вкупно 312.703 пензионери земаат пензија од Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување моментно, по основ на остварено работно право, повеќето се корисници на старосна пензија, а има пензионери чии месечни приходи само по овој основ изнесуваат 49.360 денари. Многу повеќе над просечната нето плата исплатена во земјава, која е нешто над 24.000 денари, анализира фактор.

Впрочем во групата во која се пензионерите со максимални примања во јули имало вкупно 2.008 луѓе. Сите не земаат 49.360 денари, но пензиите на сите нив се движат од 37.537 денари до 49.360 денари.

Има и такви кои земаат под минималната пензија или до 8.716 денари. Толкава пензија земаат 23.998 луѓе.

Инаку просекот за исплатена пензија во јули изнесува 14.145 денари.

Вкупниот број на корисници на пензија е поголем ако се пресметаат и тие кои земаат воени и земјоделски пензии. Во јули корисници на пензија од воено право се 1.316, додека земјоделски пензии имаат 241 лице.

поврзани објави

Последни објави