fbpx
11.8 C
Skopje

Стефан претепан од Црногорец поради оваa причина – нови детали за несреќата во Сутоморе

АКТУЕЛНО

Деветнаесетгодишниот П.В. е осомничен дека го претепал 19-годишниот Стефан Новоселац на Сутморе, наводно само затоа што по говорот препознал дека е од Србија, пренесува „Србија денес“.

Поради тешки повреди стефан паднал во кома и примен е во Клиничкиот центар во Подгорица, каде лекарите се борат за неговиот живот. Полицијата го пронашла и уапсила П.В.

Кавгата меѓу двете момчиња избила ноќта во средата кон четврток, и тоа околу машина во луна парк.

-Стефан и неговиот другар биле во кафуле во Сутморе па одлучиле да се пробаат и во удирање крушка во луна парк. После извесно време дошол П.В. кој бил во друштво на неколку момчиња. На почетокот уредно чекале на ред, но набрзо П.В. почнал да го провоцира Стефан и неговиот другар – вели изворот за „Србија денес“ и додава:

-Момчињата од Србија не реагирале на провокациите, но сепак поради навреда Стефан изгубил трпение и му се спротиставил на П.В. кој се зачудил дека Стефан инеговиот другар не се од Србија, па се свртел кон друштвото и рекол „Па тие не се од Србија“- наведува изворот.

После тоа започнала тепашката по која Стефан се здобил со тешки повреди и сега се бори за живот.

Неговата мајка и неговиот вујко се покрај него и секој момент очекуваат добри вести. Лекарите велат дека состојбата на момчето е критична.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -