Поп-пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски неодамна се реализираше во улогата на мајка, а мајчинството целосно ја промени.
Македонската публика прво ја запозна како пејачка, за потоа се пронајде во улогата на водителка, а сепак тоа што е впечатливо за неа е дека со текот на годините имаше транформација на изгледот.
Поп-пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровска го промени изгледот. Таа објави фотографија, за која многумина велат дека веќе не личи на себе. Од јапонските веги, црни и впечатливи, коментираат на социјалните мрежи, до зголемените усни и испегланото лице.
„Водителката на “Улица Македонија“, беше сосема поинаква и едноставна, кога се појави на сцената. Сега веќе не личи на себе. Ама ете сега е мода да пегла лицето, да се полнат усните“, коментираат оние кои ја познаваат.
Не е само Бојана, која претерала со промените, велат на социјалните мрежи. Во истово друштво се и Мелита, Лила Филиповска, Боки 13…
Извор: Репортер