6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Нешнел интерест: Македонија би можела да го втурне НАТО во војна

Американскиот магазин „Нешнел интерест“ во својот најнов број ја анализира можноста НАТО да биде вовлечен во војна по приклучувањето на Македонија кон Алијансата поради амбициите на албанскиот фактор во регионот за „Голема Албанија“.

Повлекувајќи паралела со Црна Гора, за која и американскиот претседател Доналд Трамп ќе рече дека „има агресивен народ, кој може да стане уште поагресивен и, честитки, вие сте во Трета светска војна“, заклучокот на анализата е дека Македонија е многу посериозна стапица за воениот сојуз.

„Македонија е во многу полоша положба во однос на Косово и на етничките браќа на таа земја во Албанија. Официјалните претставници и населението на двете земји одамна ја следат агендата на ‘Голема Албанија’, за која се тврди дека се протега на територија во Србија, Црна Гора, а особено во Македонија. Помошта од НАТО за отцепувањето на Косово од Србија во 1999 година беше првиот голем триумф за таа агенда, а големите албански експанзионисти не губеа време за да се надоврзат на својата победа.

По неколку месеци етничките Албанци во делови од Македонија во кои сочинуваат мнозинство од населението (или во некои случаи само се во значителен број), се обидоа да ја дестабилизираат земјата, барајќи проширена автономија за овие провинции. И Соединетите Американски Држави и нејзините НАТО-сојузници вршеа интензивен притисок врз македонската влада да ги одобри бараните отстапки, а Скопје неволно прифати.

Тензиите потоа спласнаа накратко, но албанските сепаратистички чувства продолжија да се развиваат и да растат. Во изминатите неколку години се појави нова криза, при што албанските активисти водеа големи антивладини демонстрации. Односите на Скопје со Албанија и со Косово значително се влошија.

Во април 2017 година македонското Министерство за надворешни работи официјално ја обвини Албанија за мешање во внатрешните политички работи на земјата. Еден месец претходно македонскиот претседател обвини дека барањата на албанското малцинство претставуваат најголема закана за суверенитетот и за единството на неговата земја.

Вашингтон и другите западни престолнини и натаму ја притискаат македонската влада да направи отстапки за албанското малцинство во земјата, надвор од оние што беа дадени под надворешен притисок за време на кризата во 2001 година. Овој притисок создава големи поделби кај македонското етничко мнозинство.

Особено грозна конфронтација меѓу македонските националисти и поприлагодените елементи изби во пролетта 2017 година. Питер Фејт, поранешен претставник на ЕУ во Скопје, ги предупреди националистите дека ‘си играат со оган’ доколку продолжат да се спротивставуваат на отстапувањето на моќта на новата умерена влада. Наскоро потоа националистите отстапија.

Меѓутоа, различни прашања продолжуваат да ја мачат земјата. Барањата на албанскиот дел за уште поголема автономија продолжуваат да се зголемуваат, што ги натера претседателот и другите официјални претставници да се помират со тоа дека ќе направат понатамошни отстапки.

Претседателот Ѓорге Иванов, сепак, не отстапува за едно клучно прашање, постојано одбивајќи да го потпише Законот за јазиците со кој официјално ќе се признае албанскиот јазик како главен јазик во одредени региони во земјата. Тој и неговите поддржувачи стравуваат дека таквата нова концесија, едноставно, ќе го зголеми апетитот на албанските сецесионисти“, пишува Тед Гален Карпентер во својата анализа.

„Настојувањето за Голема Албанија добива нов импулс, а тоа создава големи проблеми за потенцијалниот член на НАТО. Паралелите со настаните кои водеа до косовската сецесионистичка војна против Србија во 1990-тите и воената интервенција на НАТО се повеќе од вознемирувачки.

Што ќе се случува кога Македонија ќе влезе во НАТО ако албанскито сецесионистичко настојување не олабави, туку се засили и ако Скопје преземе акција против Албанија и/или Косово за да се спречи надворешна помош за бунтот, тврдејќи дека тие земји извршиле агресија? Тешко веројатна е можноста САД да бидат лидери на НАТО во таков непријатен конфликт.

Целиот текст прочитајте го на Експрес.мк

поврзани објави

Последни објави