fbpx
5.8 C
Skopje

Потресно сведоштво за големата трагедија во Дебар – сцената била страшна

АКТУЕЛНО

Сопружниците Амит и Назмие Поцеста и нивната 14-годишна ќерка Анила ги загубија животите, откако тројцата беа застрелани ноќе додека спиеле во семејната куќа на ул. 1 мај во Дебар, а сите во маалото се во шок.

Црна хроника ја тресе Македонија. Тројно убиство го зави Дебар во црно и однесе во смрт мајка, татко и малолетно дете.

Во куќа во Дебар полицијата нашла тричлено семејство убиено, по дојава од роднини.

Откриени се телата на маж, жена и нивната 13 годишна ќерка, кои наводно живеат во Италија,а во родниот крај биле на летен одмор и останале уште некое време за веселбата на роднини, додека нивните повозрасни деца заминале за Италија каде работеле.

Засега обвинителството работи на истражување на случајот .

Кој и зошто го уби семејството Поцеста?

Истрагата ќе ги даде точните детали, а првичните сознанија на надлежните велат дека трагедијата се случила во спалната соба на сопружниците кога непознати сторител со пиштол ги застрелал А.П.(54) и неговата сопруга Н.П. (54).

Потоа ја застрелал и нивната четиринаесет годишна ќерка.

Граѓани на Дебар раскажуваат дека причината за трагедијата е семејна расправија околу пат за проаѓање меѓу нивните две куќи а семејството е убиено од зетот за сестра на убиениот А.П.

Роднините кои не ги добиле на телефон настраданите, го пријавиле случајот во полоција.

– Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба, изјавува роднина за Охридњуз.

Според сите соседи биле многу мирни луѓе и не знаат кој би можел да стори нешто вакво.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -