fbpx
1.8 C
Skopje

Велика Британија против менување на границите на Балканот: прашањето на Косово да се реши со меѓусебно признавање

АКТУЕЛНО

„Оваа влада верува дека тоа би требало да биде основа за признавање на независните суверени држави во рамките на нивните сегашни граници“, рече портпаролот на британското Министерство за надворешни работи.

Велика Британија соопшти дека е против промена на границите на Балканот и дека Србија и Косово би требало да го решат проблемот со меѓусебно признавање.

Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи во четвртокот рече дека „нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е клучна за безбедноста, стабилноста и за напредокот на овие земји и на поширокиот регион“.

„Оваа влада верува дека тоа би требало да биде основа за признавање на независните суверени држави во рамките на нивните сегашни граници“, рече портпаролот на британското Министерство за надворешни работи.

На промената на границата меѓу Србија и Косово месецов категорично ѝ се спротивстави германската канцеларка Ангела Меркел, но оваа недела таа истапи помалку изрично во врска со ова прашање, наведувајќи дека ги поддржува сите разговори што водат кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, но дека територијалниот интегритет има битна тежина.

Целиот напис прочитајте го на – МКД.МК – ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -