6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

НДМ: Зврлевски да предложи забрана за активностите на ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците

Народното движење за Македонија излезе со соопштение во кое ги осудува активностите на ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците, кои се насочени кон рушење и редифинирање на уставот. Тие јавно го повикаа Зврлевски веднаш да ги превземе сите неопходни мерки за негова одбрана.

„Народно движење за Македонија најостро ги осудува активностите на Демократската Унија за интеграција, Беса и партиите од Коалицијата Алијанса за Албанците насочени кон редефинирање и рушење на уставниот поредок на земјата.

Затоа, НДМ го повикува Јавниот обвинител Марко Зврлевски веднаш во својата институционална и уставна надлежност да ги преземе сите неопходни активности за одбрана на уставниот поредок и во случајов да поднесе предлог за забрана на понатамошно дејствување на ДУИ, Беса и партиите од Коалицијата Алијанса за Албанците во смисла на член 33 во врска со членот 3 од Законот за политичките партии каде е кажано дека надлежниот јавен обвинител поднесува предлог за забрана на дејствување на политичката партија пред надллежниот суд ако дејствувањето на политичката партија е насочено кон загрозување на уставниот поредок.

Значи, со целиот институционален, но и политички капацитет, Република Македонија мора да реагира на поткопувањето на нејзиниот интегритет и суверенитет.

НДМ смета за сходно да ја потсети македонската јавност дека за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ надворешно-политички приоритет и понатаму останува евроатланското интегрирање на Македонија, каде пак нели, врвен постулат е токму владеење на правото и функционалната правна држава.

Значи, доколку во случајот на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците изостане доследната примена на законот, тогаш неизбежно ќе биде и големото разочарување кај европските пријатели на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се уште постои сериозен недостаток од институционален капацитет во Македонија“, стои во соопштението на НДМ.

поврзани објави

Последни објави