Балканот има капацитет да стане силен економски регион, изјави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов во Подгорица за време на заедничката прес-конференција по состанокот со црногорскиот премиер, Душко Марковиќ.
Еден од начините да се постигне ова е делумното враќање на кредитите што меѓународните финансиски институции можат да ги обезбедат за поврзување на Балканот, наплата на патарините и постоење на едноков надомест за користење на патишта во регионот, додаде бугарскиот премиер.
Претседателот на бугарската Влада ја повика земјата и да ги интензивира напорите за отворање на уште две поглавја во процесот на пристапување кон ЕУ. Борисов денеска оствари средба и со црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ.
Борисов по средбите најави дека двете земји ќе формираат и заедничка компанија за пренос на електрична енергија.