-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Трогателна Исповед: Иако сум седми месец бремена со близнаци, добивам секојдневно ќотек и малтретирање од сопругот

Сопругот ме тепа иако сум седми месец бремена. Носам близнаци, после шест години обид за забременување. Толку многу бев среќна кога дознав, среќна сум и сега за децата. Мислев дека мојата бременост ќе го смени сопругот.

Мислев дека помалку ќе пие и дека повеќе нема да ме тепа но… Пред два ноќа дома дојде мртов пијан и почна да ми зборува многу лоши зборови, а најмногу ме погоди кога ми кажа дека децата не се негови.

Тогаш станав од креветот и тргнав за да излезам од собата, тогаш добив две шлаканици од него, велејќи бегам бидејќи ме “боли вистината”.

Наредниот ден кога веќе беше трезен, ми се извини и рече дека погрешил и на крај кажа дека тоа веќе никогаш нема да се повтори, но…

Не знам што да мислам. Во брак сме 6 години и секогаш кога ќе ме истепаше, наредниот ден ми велеше дека нема повеќе. Се прашувам дали навистина тука ќе биде крајот и дали конечно ќе се смени.

Јас се надевам секој ден. Го сакам и не знам како би можела да живеам без него, но не можам да издржам малтертирање.

Извор: Минута

поврзани објави

Последни објави