Колумна на Катерина Колозова за Цивил
“И така, Јанушев, вчера заклучив дека не е дека не сте разбрале па треба добронамерно да ви се толкува. Сте разбрале вие сѐ многу убаво, туку намерно ширите смут, шум или што би рекло КГБ дезинформация. Урлањето и негирањето без да се сослуша, намерното менување тема, е класично лажење комбинирано со полуфакти или креација на лажна вест. Таа трамповско-путиновска школа на лажни вести, и дискурзивните стратегии кои се идентични со тие на #бојкотирам, ве издаваат дека сте за бојкот ама од пусти страв од поголемите сестри во Европа, глумите конструктивност па не кажувате експлицитно.
Не, браќа и сестри, не лажни Вмровци, не ви поминува лагата пред Европа. Пред народов, за жал, можеби. Значи, ДПМНЕ, не глумете пред Запад пуфки – вие сте во „#бојкотирам“ кампот и тоа веќе од авион се гледа. Не ги лажете Германците, и останатите на Запад, и не се мислете тешки итромани кои и натаму ќе седат на две столчиња.
Тоа веќе не ви поминува. Ем го засилувате дискурсот на #бојкотирам, ем не повикувате на бојкот – ем ќе одработите за третиот камп ем ќе бидете шутнати на избори токму поради обидот да седите на две столчиња, односно лицемерието. Ако го засилите дискурсот на #бојкотирам, ќе добијат неговите креатори а вие ќе станете нивните корисни идиоти.
Наравоучение за СДСМ: со истата нелогичност која ја покажува ДПМНЕ и вие, свесно или несвесно, ги насочувате нештата на водата на спротивниот камп. Прво, со лажни вести не се справуваш со рационална аргументација туку со онлајн против-кампања.
Второ, според поновите истражувања, имате околу 15% разочарани Вмровци кои не ја исклучуваат можноста да гласаат „за“ на референдумот. Зошто не размислите како да го искористите ова? Од кого се разочарани тие ако не од елитата на својата партија? Како може да ги придобиете? Со гест кој ќе им значи – симболичен гест кој ќе покаже желба за обединување и патриотизам.”
Целата колкумна прочитајте ја на Цивил