fbpx
8.8 C
Skopje

Шилегов со соолзи во очите сведочеше за настаните од 27. Април

АКТУЕЛНО

Собранието е објект што треба да е со заштита од прва категорија, што мене ми е логично зашто тоа е дел од уставниот поредок, таму е сместена власта. Дива орда дојде до вратите на таква зграда и успеа да влезе без никој да ја спречи. Во рок од 2-3 минути таа орда се најде пред вратите на прес-центарот, раскажуваше Петре Шилегов во судницата за настаните од 27 април лани, објави порталот ПлусИнфо.

Во неговото емотивно сведочење тој раскажуваше за моментите на нападот, евакуацијата, но и за последиците од „крвавиот четврток“.

– Дел од обезбедувањето што го имаа Зоран Заев и Оливер Спасовски, кое обезбедување по закон ги следуваше, излезе пред вратите на прес центарот и се обиде да ги спречат. Во меѓувреме толпата стаса и кај галеријата горе во прес-центарот, па моравме бироата да ги ставаме едно врз друго за да се симнат пратеничките од галеријата зошто беа во паника дека некој може да ги фрли од горе.

Стравот беше и кај нас зошто можевме да слушнеме што се случува надвор, тепање, дел од обезбедувањето влезе во прес-центарот и кажа дека не можат да издржат надвор пред врата. Саше од обезбедувањето на Спасовски проба да ги задржи, беше последниот што остана да ги брани нашите животи – раскажуваше Шилегов чиј глас се растрепери, а очите се насолзија кога зборуваше за заштитата од Сашо Тасевски.

Шилегов раскажуваше како со разни предмети се мавало кон него и другите пратеници во прес-центарот велејќи дека тоа е напад врз живот на човек. Се присети и на моментот кога со дозвола од нив, членот на обезбедување на Спасовски испукал куршум во таванот.

– Човекот извика „Стој полиција, ќе пукам” и пукна во таванот. Но, повторно нагрнаа и почнаа да викаат „Што се замислуваш, мислиш ли дека само ти имаш пиштол тука“. Јас кај двајца од напаѓачите, маскирани, успеав да видам пиштол – сведочеше Шилегов.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -