fbpx
9.8 C
Skopje

Героски: Од Скопје направивме карикатура заради идиотскиот начин да го присвоиме античкиот идентитет

АКТУЕЛНО

Главниот и одговорен уредник на Плусинфо Бранко Героски гостуваше во телевизија Алфа заедно со некогашниот амбасадор на Македонија во Русија и Велика Британија Ристо Никовски.

На прашањето зошто во Македонија има дипломаткса офанзива и во само три дена посета на врвни политичари од светот во нашата земја, Героски одговори:

Тие луѓе тука доаѓаат да ни кажат дека сме добродојдени во новото друштво, како членка на НАТО и ЕУ. Ние вложуваме како држава многу во овој обид кој ќе биде успешен, ние одиме напред, на тој пат ние плаќаме голема цена, сите плаќаат големи цени, платија голема цена и Србија, Хрватска и многу други држави. Тоа е еден политички и воен клуб и за нас е клучно што тој клуб обезбедува базична стабилност во државата.

Откако ќе станеме членка на НАТО, ова ќе биде една друга држава, многу постабилна, држава во која ќе се гаранира нашиот идентитет, и ќе бидеме поспокојни. Тогаш многу повеќе ќе зависи за прашањето дали ќе не биде или не, од самите нас отколку од меѓународните фактори.

Прво – името за националноста се дефинира, точно таму е кажано какво е, таму пишува Macedonian/ Republic of North Macedonia, истата формулација на македонски, името на националноста останува Македонско, името на јазикот наш останува македонско, DE IURE и DE FACTO според договорот ќе остане македонски, најважната добра страна на договорот е што самиот договор прави суштинска разлика меѓу два македонски идентитета.

 

Едниот е оној кој што го разбираат Грците како антички македонски идентитет што ние десет години се обидуваме како идиоти комплетни да го присвоиме и не успеавме во тоа и од нашиот главен град направивме карикатура заради тој идиотски инжинеринг и едниот е оној кој што е оној нашиот вистински идентитет за кој јас пишувам веќе десет години.

Луѓето во Македонија мора да разберат дека идентитетот на еден народ е една врска на јазични, културни и други слични обележја. Немаме ние ништо со античкиот идентитет, вели Героски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -