11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба на Зоран Заев со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, придружувана од шефот за политички прашања Џеф Били.

На средбата претседателот Заев ги искажа очекувањата на СДСМ околу формирањето на новата Влада во Македонија, како и следните планирани чекори во насока на реформските процеси во земјава.

„Сите во државата, вклучувајки го и претседателот Иванов, мора да ги почитуваат и да ги следат изборот и очекувањата на мнозинството граѓани, кои се изјаснија за промени. Нашиот став е дека треба што поскоро да почнат процедурите за формирање на новата Влада на сите граѓани на Македонија“, рече претседателот Заев.

Заев ги истакна приоритетите на СДСМ а тоа се извештаите на Прибе и на Европската комисија за реализација на потребните реформи за функционирање на инстутуциите исклучиво во интерес на граѓаните.

поврзани објави

Последни објави