Милијардерот Варен Бафет, најголемиот акционер во „Беркшир Хатавеј“ и човекот кој поради своите инвестициски вештини беше наречен пророкот од Омаха, откри дека тој купил акции вредни 12 милиони долари, откако претседател на САД станал Доналд Трамп.
Бафет во текот на кампањата изразуваше силна поддршка за против кандидатот на Трамп, Хилари Клинтон. Ентузијазмот и вербата во институциите, како и одлуката за инвестирање доаѓа по одлуката на Трамп за забрана за влез во САД на муслиманите од седум држави.
Дека неговата политика спрема мигрантите и бегалците од овие земји е правилна, се согласуваат дури 49 проценти од американците, додека 41 процент не се согласуваат, а како додатна потврда за оправданоста на потегот на Трамп е и денешниот инцидент во Лувр, што се случи утрово. Трамп изјави дека Франција повторно е на „работ да ја прелие чашата“.