Македонската претставничкна на Евросонг во Киев, Јана Бурчевска ќе ја има честа да биде прв изведувач на втората полуфинална вечер. Оваа година Евровизијата ќе се одржи од 9. до 13. мај.
Првото полуфинале на програмата е на 9 мај, додека второто е на 11, кога ќе настапи и нашиот тим предводен од Јана Бурчевска, покрај Македонија, тогаш ќе настапат уште Малта, Холандија, Русија, Србија, Данска, Романија, Австрија, Унгарија, Швајцарија, Естонија Ирска, Изреал, Сан Марино, Литванија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Норвешка.
Во првото полуфинале учество ќе земат Финска, Грузија, Молдавија, Белгија, Португалија, Шведска, Албанија, Азербејџан, Австралија, Кипар, Словенија, Ерменија, Чешка, Латвија, Исланд, Полска и Грција.
Финалисти се големата петорка Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија и Германија, како и домаќинот Украина.
Се уште не е позната песната и авторскиот тим со кој ќе настапи Јана, но сето тоа во краток рок би требало да биде достапно за јавноста, соопштија од МРТВ.