6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Пресврт во несреќата која се случи во Србија – професор раскажува кој е виновникот

Влетавме во магла, но за среќа успеавме да застанеме на страна. Позади нас се случи пекол. Ништо не видовме во моментот на несреќата, но се слушна морбиден звук, како да се одделува воз.

Ова е сведоштвото на преживеани во несреќата која се случи на патот Белград-Ниш во Србија, во која загинаа 7 лица, меѓу кои и двајца македонски државјани.

– Во исто време, на исто место се случија два верижни судири во маглата. Во 7 часот и 20 минути се слушна страшен звук, а потоа видовме камион во пламен. Се најдовме среде кланица, вели сведокот за српскиот Блиц.

Несреќата која се случи во Србија пред неколку дена поради густата магла, во која загинаа и двајца Македонци, се уште е шок во регионот, а професорот Милан Вујаниќ од Србија објаснува дека според него сигурно не е виновна маглата, туку човечки фактор.

– Сум се движел неколку пати таму, беше магла, излегуваш и пред тебе ѕид, вели тој.

Тој вели дека има и ознаки кои помагаат поради честата магла, па според него виновен е човечки фактор.

– Брзината со која најмногу може да се движите е 40 на час, така ќе ги видите знаците, вели тој.

Вели дека ова не е црна точка, но најверојатно по оваа трагеидја во која загинаа 8 лица ќе стане.

поврзани објави

Последни објави