13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Георгиевски удри по Бојко Борисов и Румен Радев: Се правите патриоти во Бугарија на името на Македонија

Основачот на ВМРО-ДПМНЕ и прв лидер на партијата Љубчо Георгиевски вечерва гостуваше во Топ Тема на телевизија Телма.

Георгиевски е познат контроверзен политичар кој секогаш со своите ставови предизвикува лавина од реакции и коментари, а веруваме дека и овој пат нема да останете рамнодушни на неговите ставови изнесени во вечерашното гостување.

Имено, лидерот на ВМРО НП упати критики до опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој рече дека продолжил да ја копира политиката на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека е илузорно дека било која наредна влада би можела да постигне подобар договор за името.

Тој упати остри критики и до бугарскиот премиер и претседател Бојко Борисов и Румен Радев, за кои вели дека избрале да се караат за прашањето за името на Македонија односно истите да се докажуваат пак во Бугарија, кој е поголем патриот.

Мојата теза до бугарските политичари беше следново: Ако вие сакате да гледате на името Македонија како Грците, тогаш секоја додавка може да значи основа за иредентизам за било кој политичар. Има таму некаква кавга меѓу премиерот и претседателот на државата па избраа на прашањето за името да се докажуваат кој е поголем патриот, вели Љубчо Георгиевски во гостувањето на Топ Тема и притоа додава дека Бугарите ништо не спомнале против Грците за името, а сега се јавиле поради тоа што и тие сакале да изиграваат патриоти меѓу своите, вели Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави