Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова вечерва пред почетокот на вечерашната седница на Извршниот комитет на партијата изјави дека таа има свој став кој го кажала и не се плаши од заканите.
-Јас мојот став го кажав на референдумот. Дека има закани на социјалните мрежи, има, но јас не се плашам. Што се однесува дали имам очекувања партијата да ме разреши од Извршниот комитет, немам никакви очекување.
Јас имам мој став и ќе држам до него, без разлика што мисли раководството. А, за уставните измени нема да гласам, рече Рангелова.