Актерот Раде Шербеџија откри дека силно го погодила веста за смртта на Милена Дравиќ. Актерската легенда на југословенските простори почина завчера на 79-годишна возраст.
-Изгубивме боженствена и чесна глумица, а пред се еден голем и искрен пријател. Веста навистина ме погоди, ќе ми недостасува – рекол Шербеџија.
Актерот за својата, како што сам вели, целоживотна пријателка, напишал и поглавје во нејзината монографија.
-Милена беше филмска активистка, секогаш на својата задача. Подготвена, одлучна, храбра. Секогаш на страната на слабите и несреќните. Секогаш против неправдата и секогаш против глупостите. И против власта како таква. Како вистинска хероина знаеше секогаш да застане на страната на својот народ и својата публика – утврдил Раде кој се присетил на филмската дива.
Милена, вели, сакаше да го прегрне целиот свет, бидејќи само така се чувствуваше среќна.
-Добрината на нашата Милена доаѓаше од нејзиниот разигран живот. Секогаш беше подготвена да си игра, да сонува и да фантазира. Со своите топли дланки го прегрнуваше секој нов ден и секој нов филм – истакнал актерот.