13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Наместо да се воспостави ред, се случуваат нови несакани сцени: Жена прегазена во кругот на Клиника

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави