Секоја домаќинка сака да направи вкусна торта за своето семејство, а секој домаќин сака кога има сопруга која покрај тоа што е добра во кревет, поседува вештини и во кујната.
Ви нудиме фантастичен рецепт во кој ќе се вљубите после првото залче, но и рецепт кој ќе го воодушеви вашиот сакан и вашите најблиски. Ова е најнов и досега највкусен рецепт од неодоливата Ferrero Rocher торта… Уживајте!
Состојки
За кората
– 5 белки
– 5 лажици шеќер
– 4 лажици мелени лешници
– 2 лажици брашно
– 1 лажица какао
– малку прашок за пециво
За фил
– 15 жолчки
– 15 лажици шеќер
– 1 литар млеко
– 4 пудинзи од лешник
– 375 грама маргарин
– 200 грама чоколада
– 200 грама мелени лешници
За прелив
– 2 милка чоколади со лешници
– 2 лажици масло за јадење
– 1 лажица маргарин
– 6 лажици млеко
Подготовка
За кората измутете ги белките и шеќерот, во снегот од нив додадете ги прво лешниците, а потоа брашното, какаото и прашокот за печиво. Испечете 3 кори на 170 степени.
За филот измутете ги жолчките со шеќерот, додадете го пудингот сварен во млекото. Потоа додајте го маргаринот и добро измиксирајте. Поделете го филот на два дела. Во едниот додадете мелени лешници, а во другиот стопена чоколада.
За преливот стопете ги двете чоколади, потоа додадете масло за јадење и маргарин, а кога смесата ќе се соедини полека додадете го млекото. Можете за декорација да користите готови Ferrero Rocher топчиња. Добар апетит!