13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Искрено писмо на еден татко кој секој треба да го прочита: Сине, ова е единствената причина поради која треба да се ожениш

Еден татко на генијален начин му објаснил на својот син зошто кога ќе порасне треба да се ожени. Неговото писмо би требало секој да го прочита…

“ Драг сине, ми изгледа како вчера да се роди, а денеска дојдовме до тоа да зборуваме за секс.

Сепак, пред да се фрлиме на темата секс, сакам да ти објаснам некои работи за бракот. Поточно, сакам да ти откријам една добра причина поради која би требало да се ожениш, а која ќе ти помогне да ги сфатиш и сите други работи поврзани со сексот.

Веројатно еден ден ќе посакаш да се ожениш, а лесно може да се случи тоа да го направиш од погрешни причини. Една од тие причини е дека бракот ќе те направи среќен. Никогаш тоа немој да го правиш, бидејќи тоа е сигурен пат кој води до развод.

Постојат прекрасни бракови, а тие постојат од една единствена причина, а тоа е всушност и една основна причина зошто некој трена да влезе во брак: секојдневно и меѓусебно жртвување на сопственото его.

Јас егото го доживувам како дел кој го штити моето срце. Сите ние сме родени со добро срце, само што тоа понекогаш во опасност кога например некој ќе не омаловажува, срами, и тогаш чувствуваме потреба да го заштитиме.

Како остаруваме, нашиот мозок си прави свој штит околу нашето срце за да не заштити од сите негативни влијанија. Тоа е сосема нормално и им се случува на сите.

Кога сме млади, тој штит служи за да се одбраниме од непосакуваните гости во нашите срца. Со текот на времето сфаќаме дека нападот е најдобра одбрана. Почнуваме да ги напаѓаме другите, почнуваме да бидемо груби, а всушност се браниме од тоа некој нас да не, не повреди.

Понекогаш тоа е клучно за преживување во светот, но во поголемите случаи сепак не е.

Така се бранат сите мажи и жени. Но, оружјето малку се разликува, но поентата е еднаква – се плашиме нас некој дека нема да не засака и на тој начин се грижиме да не патиме. И тука се јавуваат потенцијаните проблеми во бракот.

Ако мислиш дека твоето его е битно за опстанок на бракот, тогаш се лажеш. Вистинскиот маж знае кога треба да ја намали брзината и да го остави егото на страна. Истото важи и за жените.

Всушност, која е тајната за среќен брак? Да се омажиш или ожениш за некој кој вложува во бракот од иста причина.

Накратко, ожени ја онаа која е спремна да чекори во луда авантура со сите издигања и падови кои ќе ги совладува со тебе, и само исклучиво со тебе…

Јас своето го кажав.

Тато! ”

Извор: минута

поврзани објави

Последни објави