13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Сашо Василевски се појави во Собранието, ќе се обезбедат ли 80 гласа за уставните измени?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, кој пред три дена беше пуштен од домашен притвор денеска дојде на своето работно место во Собранието. Василевски беше во притвор за настаните од 27 април 2017 година, кога топла граѓани го нападнаат пратениците во Собранието.

Првиот работен ден на Василевски по укинување на мерката притвор е токму денеска кога се очекува пратеници да се изјаснат за предлог-одлуката на Владата за почнување на постапка за уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа со кој треба да се реши долгогодишниот спор за името со Грција.

Од потребните 80 гласа за да може одлуката да помине владеачкото мнозинство има 72. За одлуката да помине потребни се уште 8 гласа. Денеска во дебата за уставните измени треба својот став да го каже и пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ, за која се шпелукира дека иако е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе даде поддршка за уставните измени.

Денеска Собранието е под силно полициско обезбедување. Се очекува дебата за уставните измени да заврши, а гласање да има само во случај да е обезбедено двотретинско мнозиство. Доколку власта не ја обезбеди потребната поддршка се очекува гласањето да биде одложено.

Вчера СДСМ и ДУИ на посебни прескоференции кажаа дека се убедени дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го надминат партискиот став и ќе дадат поддршка на одлуката за почеток на постапката за носење на уставни измени.

поврзани објави

Последни објави