Неизвесноста продолжува. Собраниската седница за пристапување кон уставните измени требаше да почне во 12, па во 15 часот. Пред и околу собраниската зграда врие од полиција.
Претседателот на Собранието наводно му порачал на собраниското мнозинство да му јават кога ќе обезбедат двотретинско мнозинство.
Се шпекулира дека при крај е убедувањето, притисокот или уценувањето на уште два-тројца од пратениците на опозицијата за да се дојде до посакуваната бројка 80.
Џафери има право да го закаже продолжението за в понеделник, или, како што се споменува, и за в среда.
За в понеделник најавена е и посета на заменик-помошникот на државниот секретар на Стејт департментот, Метју Палмер. Палмер денеска е во Белград, од каде уште еднаш порача дека Преспанскиот договор е историска шанса за земјава, која нема да се повтори.








