3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Долго време се борам со болеста: Јелена Розга откри дека е болна

Розга открила дека во тоа време постојано се будела уморна и губела на тежина. Не била сигурна што е последица за нејзината лоша здравствена состојба, па после низа контроли и бил дијагностициран проблем со штитната жлезда.

„Веќе десет години имам проблем со штитната жлезда и примам редовна терапија. Секое утро ми почнува со мојата дневна доза. Се будам и го пијам моето апче. Тоа стана дел од мојот живот“, раскажала Розга.

Пејачката уште открила и дека има денови кога се чувствува добро, но има и од оние другите кога едноставно не може нормално да функционира.

„Има денови кога сум добра, а има и денови кога толку ме мачи сето ова што не можам да функционирам… но ете не се давам.  Се обидувам да не мислам на здравствениот проблем, одам на контроли на секои три месеци и продолжувам напред“, рекла Розга.

Таа додава дека секој кој ќе почувствува интензивен умор после будењето, честа поспаност, проблеми со столицата, опаѓање на косата, сува кожа, ненадејно добивање или губење килограми, висок крвен притисок, болка во вратот или грлото треба веднаш да појде на лекар.

поврзани објави

Последни објави