11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Гордана Силјановска Давкова: ЛГБТ заедницата ја имала и ќе го има моето разбирање и мојата поддршка за начинот на живот, како што јас имам право на мој

ЛГБТ заедницата ја имала и ќе го има моето разбирање и мојата поддршка за начинот на живот, како што јас имам право на мој. Државата не смее да се меша во личната сфера и треба да им гарантира рамноправност на сите граѓани. Впрочем, да потсетам: јас отворено ги изнесов моите ставови и предлози за амандманот на Уставот од 2014 година за брачната заедница, не само во расправата во Македонија, туку и пред Венецијанската комисија, вели во интервју за „Фокус“ кандидатот за Претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Професорката Силјановска Давкова вели дека пред да се одлучи да се кандидира за претседател, добила потсетување од најблиските за нејзиното ветување од 1994 година – никогаш повеќе политика, освен како предмет на научна анализа. Но, по многу разговори, на крајот сепак одлучила сама и решила да прифати да се кандидира за Претседател на државата.

Професорката Силјановска Давкова уште го нема својот официјален противкандидат од редовите на СДСМ, а истиот ќе биде откриен на 3 март.

Целото интервју на професорката за „Фокус“ можете да го прочитате ТУКА

поврзани објави

Последни објави