2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Албум со сликички, тетратки, цедиња од песните: Млади Бунтовници, носталгија стара 15 години (Видео)

Албум со сликички, тетратки, исечоци од весници, маички, капи, блокови за цртање, ЦД од музичката колекција и ѕид исполнет со постери од „Млади Бунтовници“, се само дел од работите кои ги потсеќаат младите, но и постарите љубители на тинејџерските серии, на аргентинската тинејџерска теленовела „Млади Бунтовници“.

Носталгија стара 15 години. Поминаа 15 години од снимањето на мегапопуларната аргентинска тинејџерска серија. Пред 6-7 години македонските телевизиски куќи во својата програма вметнаа и почнаа да емитуваат турски серии синхронизирани на македонски јазик, започнувајќи од „1001 ноќ“, која донесе стотици други по неа. Во секоја од тие серии, од прва до последна, се слушаат истите гласови, земајќи го предвид фактот дека се синхронизирани. Македонското уво како да навикна на секојдневните гласови од турските серии, а уште повеќе како да навикна на истите ликови, само во различни улоги, со различни имиња и во различни серии. Македонските гледачи, освен на телевизија, во изминатиот период ги следат овие серии на интернет, а пиењето кафе со својот сосед, пријател или роднина го поминуваат во зборување и коментирање на истите.

„Кога би се забраниле со закон, би била најсреќна. Би си правела муабет со моите дома, вака дури трае филмот има забрана за зборување. Она што ни недостасува се тинејџерските серии со бунтовничка приказна“, вели млада гледачка на прашањето што мисли за окупирањето на македонскиот медиумски простор со турски серии.

Сплетките на групата тинејџери, нивните различни карактери, љубомората, зависта, љубовта, но пред се пријателството претставуваа составен дел на оваа тинејџерска серија. Серија која се разликува од другите по бунтовноста на младите тинејџери кои заедно учат во едно средно елитно училиште „Elite Way“, каде што ја формираат групата „Erreway“ чии песни се слушаат и денес.

Оваа серија постигна голем успех и огромна популарност во Македонија особено помеѓу младите тинејџери. Поради големиот успех во Македонија, излегоа во продажба албуми од популарната музичка група во која учевствуваат добро познатите Миа, Мануел, Марица и Пабло.

Најпопуларните песни од групата „Erreway“, за потсетување на вашите тинејџерски денови.

поврзани објави

Последни објави