Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ засега се откажува, одлучил директорот на продукцијата Саша Поповиќ.
Оваа одлука доаѓа поради смртта на Дивна Карлеуша, која покрај тоа што е мајка на Јелена, член на жирито, беше и лична пријателка на Поповиќ.
Снимањето на музичкото шоу ќе продолжи по неколку недели, а како што пренесува српски „Курир“, на местото на Јелена Карлеуша како дел од жирито и тренер на натпреварувачите, ќе биде поставена замена. Кој ќе ја заменува Карлеуша засега не е познато.
Пејчаката некое време нема да се појавува во јавност. Но, и покрај пишувањата на одредени медиуми, сепак други пак наши колеги од Србија пишуваат дека Саша веќе има најдено замена за Јелена и дека популарното музичко шоу ќе продолжи да се снима исто како досега. Саша Поповиќ важеше за близок пријател на Шабан Шаулиќ, но и на мајката на Јелена Карлеуша.