5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Покрај Карлеуша и Марија Шерифовиќ заминува од Ѕвезде Гранда: Таа ја откри причината

Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ по четири години, наводно, го напуштаат шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и веќе нема да бидат членки на жирито.

Карлеуша по смртта на нејзината мајка Дивна се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите. Пејачката веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата, но не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.

Од друга страна пак Марија Шерифовиќ, истакнала дека поради ангажманите и други планови нема веќе да може да доаѓа на снимањата на Ѕвездите на Гранд.

-Сите тие снимања ми се многу напори, поради тоа што ова ми е веќе четвртата сезона како што сум во шоуто. Во некој следен период имам други планови кои ќе бараат помалку време да минувам во Белград. Поради тоа не знам дали ќе можам да ги усогласамсите обврски со снимањата на емисии. Ќе разговарам со Поповиќ за сето ова , по што ќе видиме што ќе биде, истакнала Шерифовиќ за српски медиум.

поврзани објави

Последни објави