-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ќе ве трогне: Татко упорно 5 години по ред му звони на својот син кој исчезнал со малезискиот авион

Ли Ержу, земјоделец од руралната област Хандан во Кина, секоја сабота го повикува истиот телефонски број, иако тој е одамна исклучен.

Станува збор за бројот на неговиот син кој бил меѓу 239-те патници во малезискиот авион МХ-370 што исчезна пред пет години и досега не е пронајден, што претставува една од најголемите авионски мистерии во историјата.

– Не ми е грижа кој е на другата страна. На синот секогаш имам да му кажам неколку зборови, вели 60-годишниот селанец за својот седмичен ритуал.

Неговиот син, Ли Јанлин, кој работел во Малезија за кинескиот телекомуникациски гигант ЗТЕ, имал 30 години кога авионот на летот Куала Лумпур – Пекинг, исчезна на 8 март 2014 година.

Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ МХ370, која 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, денеска и официјално заврши. По малезискиот авион трагаше компанијата „Оушн инфинити“ со седиште во Хјустон.

Авион со 239 патници и членови на екипаж исчезна од радарите на 8 март 2014 година на летот Куала – Лумпур-Пекинг, потесетува Би-Би-Си. Во авионот беа 153 лица од Кина, 38 од Малезија, а останатите од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван и Холандија. Сите 12 членови на екипажот беа од Малезија.

Ова беше една од најобемните потраги во историјата на авијацијата, а пребарани се повеќе од 120.000 километри квадратни од Индискиот Океан. Делови од урнатиот авион се пронадени дури во Мадакаскар, но никогаш не е пронајден трупот на авионот.

поврзани објави

Последни објави