2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кученце секој ден плаче за крава која го одгледала: Моментот кога повторно се среќаваат е најемотивното нешто кое ќе го видите (Видео)

Сме виделе многу емотивни, прекрасни и неверојатни парови на животински пријатели, како што е пит булот, чиј најдобар пријател е мачето или маче. Но, најдобриот избор на пријателски пар паѓа на крава мама и кученце кое го одгледала.

Откако мајката на Роки го напуштила, поточно не преживеала, крава сама го одгледала нејзиното сираче. Две години живееле заедно, јаделе заедно, играле еден покрај друг, спиеле заедно во фармарска штала. Роки сегде ја следел кравата, спиејќи на нејзиниот грб или пак криејќи се меѓу нејзините нозе секогаш кога бил уплашен.

После некое време, фармерот се одлучил да ја продаде својата крава на свој близок пријател фармер кој се наоѓал во негова близина.

Ова видео покажува како Роки ја доживува разделбата со кравата. Тој плаче, одбива да јаде со денови и гледа во една точка, чекајќи ја неговата мајка и пријателка да се врати.

На крајот, фармерот се предомисли и одлучи да ја врати кравата, која не може да живее без својот Роки, исто онолку колку и тој. Видеото во продолжение:

поврзани објави

Последни објави