Возачот на автобусите од ЈСП, поточно на автобусот со број 68 е вистински херој на денот, откако со својата реакција успеа да ги воодушеви сите.
Автобусот не можел да застане на постојка, поради паркирани автомобили. На постојка има можност и простор од автобусот да се спушти праг до тротоарот, за лицата со инвалидитет да поминат.
Така беше и денес, кога лице со инвалидска количка се најде во автобусот, но не можеше да се симне, затоа што немаше простор од автомобилите кои беа лошо паркирани.
Шоферот на автобусот се симна и и помогна на госпоѓата која го носеше машкото лице во инвалидската количка.
Нема што, херој на денот! Браво човеку.