Ќе излезам овде и како првиот и единствен човек кој даде оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја дадам оваа метла за оваа чистка која треба да се направи, рече познатиот актер Драган Спасов Дац поклонувајќи му метла и лопатка на премиерот Заев.
На ова премиерот му одговори дека е убава метлата, а Дац дополни дека со истата може да се собере доста „ѓубре“.
Ова наиде на огромен аплаузи и скандирање од присутните.
Навистина сум човек кој од секогаш го сакал СДСМ како партија и сум гласал за оваа партија. Сум се гордеел со СДСМ и ќе продолжам да се гордеам, сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски, рече Дац. Ова можете да го погледнете на 57 минута од видеото:
Трибина во Карпош со Стево Пендаровски
Заедничка трибина со идниот Претседател на Републиката, Stevo Pendarovski и потпретседателката на СДСМ, Radmila Sekerinska Да се обединиме и на 5 мај да ја зацврстиме победата!Нема веќе застанувања – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!
Posted by Zoran Zaev on Monday, April 22, 2019