3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Требаше на крајот од минатата недела, ама – кога ќе биде пуштен автопатот Штип – Миладиновци?

Иако требаше да биде пуштен во сообраќај до крајот на минатата недела, нема објаснување од надлежните институции зошто автопатот Миладиновци-Штип сеуште не е пуштен во употреба, известува ТВ 24.

Велат се бројат часовите, тој беше готов и петокот и се е спремно за пуштање, но зошто и покрај толку најави уште не е никој не објаснува.

Од лани есента барем еднаш месечно се пушташе во употреба овој автопат- барем по најавите. Но, лентата за новата автопатска делница се уште не е пресечена.

Само во мај имаше најмалку три најави од надлежните дека се бројат деновите кога тој ќе биде пуштен за сообраќај.

За по многуте пробиени рокови, сепак да одлучат да молчат.

Автопатот Миладиновци-Штип е долг 47 километри. Почна да се гради 2014 година и чини 200 милиони евра, кои граѓаните ги плаќаат како кредит кон „Ексим банка“. Првично требаше да биде готов до мај 2017 година, а последниот рок беше минатата есен. Од тогаш до сега следуваа само најави за отворање и нови пролонгирања.

Извор: 24.мк

поврзани објави

Последни објави