Неименуван маж открил вистинско богатство во гаражата која што му припаѓала на неговиот дедо. Во гаражата се крие култниот Lamborghini Countach од 1981-ва година.
Луксузниот автомобил му припаѓал на неговиот дедо кој што го купил во 80-тите години додека се занимавал со бизнис со автомобили. Трошоците за осигурување биле превисоки за дедото да остане во бизнисот, па одлучил да задржи неколку автомобили кои што стоеле во гаражата повеќе од 20 години.
Сега на Ламборџинито му е потребна реставрација, но култниот италијански автомобил и натаму блеска во својот полн сјај.
„Кога го тргнав прекривачот, јас се почувствував како археолог. Да се прашувам јас, би ја исчистил внатрешноста и би го направил во возна состојба, а екстериерот не би го поправал премногу. Автомобилот има карактер и приказна по која се разликува од останатите“, напиша корисникот на „Редит“ и додаде:
„Тоа го ценам повеќе од совршениот лак. Мојата баба има намера да го продаде, но засега автомобилот не е ставен на продажба. Секако дека ги сакам автомобилите, но јас не би можел да направам ништо со нив дури ни кога би ги наследил“, додаде корисникот на „Редит“.