10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

(ФОТО) Слики кои го згрозија Скопје, но и целата државата – ова не е нормално

Сериозен проблем си имаат жителите на скопската населба Кисела Вода со зависниците кои таму секојдневно доаѓаат за да примаат терапија.

Од утрово тие секој ден ќе ја блокираат главната раскрсница во Кисела Вода.

„Ние како група на граѓани кои живееме во непосредна близина до центарот за зависности во Кисела Вода се обракаме до Вас со образложение зошто утрово и секој нареден ден од сега ке ја блокираме раскрсницата кај булеварот Борис Трајковски. Имено ние се бориме со овој хорор филм повеќе од 20 години. Последнава година излеговме многу пати на протести но бевме целосно игнорирани од одговорните институции.Од министерот Венко Филипче добивме писмено ветување дека до 6 мај оваа година болницата целосно ке биде дислоцирана ни тоа не се случи. Сите наши протести беа целосно игнорирани од скоро сите медиуми. Секоја чест на исклучоците.

-Ние не сме политички ориентирани и се бориме за нашите деца да не растат со трауми од болницата во која нема никакви услови да се лекуваат зависници од дрога. Наша секојдневна глетка се шприцеви и полуголи нарко зависници кои се дрогираат пред нашите дворови. Потенцираме дека ниту моменталната власт ниту било која претходна власт во последниве 20 и повеќе години не биле ни малку заинтересирани за решавање на нашиот проблем. Ние се извинуваме на нашите сограѓани за нервозите кои ги имаа утрово и ќе ги имаат понатаму,но додека нашиот проблем не се реши нема да застанеме, напротив ке бидеме уште порадикални со нашите протести.“ – велат тие во своето писмо до медиумите.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави