Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто одговарајќи на новинарски прашања рече дела Никола Груевски од Будимпешта силно се залагал земјава да стане дел од Европската Унија.
-За некој што бил премиер во овој регион 10 години, претпоставувам дека има многу добро сознание и разбирање на регионот и јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии, меѓутоа можам да ви кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ, рече Сијарто.
Османи и Сијарто не зборуваат за Груевски – пишува 24 Вести.
Унгарија се погласна во подршката за датум на Македонија со Европската унија, но не и за екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски. По неколкуте средби во Будимпешта со Груевски – унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто денеска допатува во Скопје на средба со вицепремиерот Бујар Османи.
Се огради од одговороност за барањето за екстрадиција на азилантот, а не сакаше да открие ниту детали од нивните разговори. Вели престојот на Груевски во Унгарија е правно прашање. До надлежното министерство во Будимпешта, пак денеска пристигнало и второто барање за екстрадиција на Груевски, кој веќе 6 месеци ужива политички азил во Унгарија, додека македонските власти го бараат за одлежување на затворската казна.
„Делот од 17 х + Некој што бил премиер во овој регион десет години претпоставувам има добро сознание и разбирање за регионот. Не сум овластен да објавам за содржината на разговорите, но можам да ви кажам дека и господин Груевски многу се залага за вашето пристапување во ЕУ.“ – изјави Изјава Петер Сијарто – министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.
И за Османи прашањето околу екстрадицијата на Груевски е правно прашање, вели надлежните институции треба да го решат овој проблем, според него фокусот на денешната средба била европската перспектива на Македонија.
„Унгарија е предводник на групата земји – членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите – веднаш.“ – истакна Османи.