-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Тамара преку Фејсбук упати уште една порака и откри кои се нејзините следни планови

Никако да се стивне фамата околу инцидентот што се случи во Амбасадата на Америка, со пеењето на химната од страна на Тамара Тодевска, која на социјалните мрежи беше под силен удар.

Поради новонастанатата ситуација, таа се обрати до јавноста уште еднаш, при што се извини поради грешката со химната, воедно истакна и дека ги откажува нејзините настапи во Прилеп и Охрид.

-Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид.

Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.

Со почит, Ваша Тамара

https://www.facebook.com/tamaratodevska/posts/10157269444371113?__xts__%5B0%5D=68.ARDy5ad1Agf351uGLl1XwcDCxMVOCGxnb0odcRcBtUiPTwkYngkH3DrD6-4SF5bYOaMqvYwDiyqFmAInmySUXs5o1sR2eMyVPAFET6EF2cqIP26qN5kw1lEUv8MGb_lZI89Wq_2BQn5y4uan583tuNsCrbHYSVDrWhQehpB6xfP9zwu8E-TYQzFDO1pwepBFGY6GV0ECsf1PMGfR_S_Tp9uNCGIpFR_wvv4AYpfRwgTaGbT3tp4HflevMKeu8WYzdqhgv5f63Qmx6Kkufz8emoMu9O1-y2b-fVAqA5qeSbIG39rYftgsGhwSx6AO-7JVa9Cj2mVjIECfMg&__tn__=-R

поврзани објави

Последни објави