Долгогодишниот сопственик на фудбалскиот тим Палермо, Маурицио Зампарини потврди дека во текот на следниот месец ќе ја финишира продажбата на тимот, на компанија од САД, иако интерес имаше и од сопственици од Далечниот Исток.
„Одлучив и дефинитивно, клубот во март ќе има нови сопственици од Америка“, потврди Зампарини, кој меѓудругото откри и како го купил Несторовски, а претходно и Трајковски.
„За Илија Несторовски плативме 500.000 евра, а неговата вредност веќе изнесува околу 15 и 20 милиони. Знаевме дека ќе биде одличен играч, затоа што беше препорачан од наш пријател од Хрватска. Истиот човек претходно ни ги предложи Трајковски и Посавец“, откри Зампарини.