Лидерот на најголемата опозициска партија во Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
– Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителствата од каде што биле преземени – рече Мицкоски.
Зборувајќи за Јанева, Мицкоски рече дека во СЈО биле вработени. внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, двајца братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките.
Сите овие договорци да бидат преземени? Останува прашањето кого поддржуваме ние? Луѓе кои биле соучесници во рекет? Истрагата ќе покаже кој сѐ од овие лица е инкриминиран. Тоа е како ние да го предложиме Владимир Панчевски. Зошто да не го избереме Владимир Панчевски? Зошто да не биде тоа решение? – рече Мицкоски.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот.