16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Се огласи Бугарија за бизнисменот Орце Камчев: На крај го имаме на ум вашето мислење

Бугарската Влада нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија. Оваа одлука како што вели Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, е донесена поради реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, на крај го имаме на ум вашето мислење“, вели во интервјуто Каракачанов.

Лидерот на ВМРО БНД исто така најсотро ги демантираше шпекулациите дека Бугарија има било каква поврзаност во случајот „Рекет“.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави