21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Оваа жена стана мајка по прв пат, но меѓу симптомите на бременоста се криело нешто, ни лекарите не успеале да го забележат

Само две недели откако Ана Пантер, од Вигстон, се породила, лекарите имале вознемирувачки вести за соопштување.

Лекарите не успеале да забележат дека кај Ана се развила редок облик на рак, а истиот го помешале со нејзините симптоми во текот на бременоста. Само две недели по породувањето, на новата мајка и бил дијагностициран кориокарцином, односно гестациска трофобластична болест, редок вид на рак, кој се случува во 1 од 50.000 бремености.

Бременоста на 34-годишната мајка била проследена со главоболки и проблеми при дишењето.

„По првпат во мојот живот бев бремена, па не знаев ништо повеќе од вообичаените симптоми за кои имав читано“- вели Ана.

„По 35-та недела постојано одев на лекарски прегледи и контрола, бидејќи бев загрижена за движењето на бебето. Еден ден кога бев во посета на специјалист, не можев да изговорам една цела реченица бидејќи постојано кашлав, па лекарот помисли дека најверојатно бебето е малку поголемо, па ми го притиска градниот кош, предизвикувајќи астма“- објаснува Ана.

Во 37-та недела од бременоста Ана започнала да се породува, а процесот завршил со итен царски рез.

„Сè се случи брзо, но тоа беше најемотивниот и најубавиот момент во мојот живот. Мојот сопруг цело време беше до мене, а кога го видовме бебето, не можевме да поверуваме дека тоа е наше“- додава гордата мајка.

Само што се прилагодувала на својот нов живот, во улогата на мајка по првпат, две недели подоцна, мајката добила повик од болницата.

„Зборував со медицинската сестра и таа ми објасни дека имам гестациска трофобластична болест. Мораше да пратам многу примероци за тестирање и постојано бев под лекарско набљудување.“

Најпрво и лекарите биле збунети и мислеле дека Ана е повторно бремена, но подоцна било утврдено дека боледува од редок вид на рак. Во моменот кога болеста била откриена, таа веќе се проширила кон белите дробови, мозокот и репродуктивните органи.

Болеста дополнително го отежнала предизвикот на улогата како нов родител. По бројни направени хемотерапии и дополнително лежење во болница, ракот кај Ана речиси исчезнал, а шансите истиот да се врати се многу мали.

„Сега сум конечно среќна и премногу возбудена да бидам мајка во вистинска смисла на зборот“- за крај додава Ана.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави