Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на ратификуваните договори за купување на Ф-16 авиони од САД. Радев кажа дека има шест прашања на кои владата ќе мора да одговори во однос на набавката на овие авиони.
Основното прашање е кога ќе се добие целиот неопходен пакет, кој вклучува вооружување, обучување и други услуги кои гарантираат ефективна работа за функционирањето на Ф-16. Освен тоа според Радев е многу важно да се забележи кога ќе се придобие тоа што е неопходно за авионите, бидејќи во спротивен случај нивното користење би било забавено а со тоа би се зголемиле и самите трошоци.
Радев ја оправдува својата одлука за вето со фактот што потпишувањето на меѓународните договори ќе биде одложено со тоа што пратениците ќе му објаснуваат на општеството што се сме потпишале во договорот.
Според него, сите детали треба да им бидат познати на граѓаните, бидејќи Бугарија треба да исплати 2,2 милијарди лева без ДДВ однапред, но чека испорака на борците најрано по 4-5 години.
Радев, исто така, смета дека има скриени трошоци за инфраструктура, транспорт, оружје, даноци и такси, кои сеуште ќе бидат платени над проценетите 2,2 милијарди без ДДВ.
Сепак, денес стана јасно дека Комитетот за одбрана во националното собрание го отфрли ветото на Радев со 13 на 7 гласови. ГЕРБ, МРФ и ВМРО го отфрлија ветото кое доби поддршка само од БСП и Волја.