16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Српски Курир го цитира Боки 13: Ако ме обесите, доказите против Заев се кај мајка ми

Утрешната насловна страница на српски Курир пренесува што наводно кажал Бојан Јовановски во полиција кога бил уапсен.

Српски Курир пренесува зборови што Боки 13 наводно им ги кажал во полиција:

-Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден.

Италијанскиот весник Ла Верита вчера сподели ново видео за случајот Рекет.

Во видеото се слуша женски глас како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Боки 13 преку телефонски повик се договара со Орце Камчев кога да дојде по рекетот во висина од 1,5 милиони евра.

Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

Ова е второ видео на италијанскиот новинар, а најави и трето продолжение.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави