14.8 C
Skopje
Sunday, March 16, 2025

Александар Вучиќ се огласи за случајот со Боки 13 и Орце Камчев: Верувам дека сега Заев го разбира тоа што му го кажав

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена.

На прашањето за аферата за рекетирање во Македонија, српскиот претседател истакна дека не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, но даде краток коментар, пренесува „Блиц“.

„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица“, кратко одговори Вучиќ.

Извор: Макфакс

поврзани објави

Последни објави