16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Мажот ја оставил со глуви и слепи дечиња, но мајката не се откажала

Лиз Дун е мајка која родила три глуви и слепи дечиња, а ситуацијата станала уште полоша, откако ја оставил нејзиниот сопруг.

Лиз и сопругот веќе имале тригодишна ќерка Сара, кога дознале дека Лиз носи тројка. Веста пристигнала како изненадување, затоа што не биле на никакви третмани.

Сето тоа на крај испаѓа како преголем товар за семејството. Мажот ја оставил сам со четири деца. Лиз ја родила тројката 2000. година на 25-та недела од бременоста и бебињата ги нарекла Зи, Софија и Ема.

Поради раното пораѓање и компликациите, тројката се родила слепа. Софија делумно била слепа, имала видно поле и гледала бои и облици. Зи можела да разликува светлина и темнина. Додека Ема воопшто не гледала.

Веста и го скршила срцето на мајката: Се чувствував како да ме удри камион. Паднав на подот и сакав да исчезнам. Не можев да верувам дека тоа им се случи на моите бебиња.

Лиз ја прифатила ситуацијата таква каква што е. Но тогаш работите дополнително се влошиле. На крај испаднало дека лековите кои ги користеле дечињата, биле штетни и поради тоа останале глуви.

Оваа вест Лиз ја донела на работ од очајот.

-Еден од најголемите мои стравови беше што ќе помислат дека мајка им престанала да зборува со нив. Глуви и слепи. Како да разговарам со нив. Што да правам? Во тоа време почнаа да не им веруваат на луѓето. Се плашеа кога некој ќе ги земе од земјата.- се присеќа Лиз.

Тројката земале лекови, но била потреба многу работа, да се надополнат загубените години во нивниот развој. Лиз целата енергија ја трошила на грижа за тројката, поради што немала време за постарата ќерка Сара.

-Таа имаше одредена зрелост. Сфаќаше дека сестрите се болни и дека им треба помош. А таа самата ќе се грижи за себе.

Лиз се поврзала со дечко од школските денови по име Џорџ. Му се јавила затоа што и бил потребен некој за разговор, но работите отишле подалеку и се претвориле во врска. Џорџ и пружил љубов, поддршка и помош која и била потребна.

И покрај сите препреки, Џорџ се вљубил во Лиз и нејзините ќерки. Една година подоцна ја побарал за сопруга. Нивната врска често е под тест, но се снаоѓаат од ден во ден.

Лиз открила дека борбата имала и некои посебни моменти: Првите чекори изгледаа како победа на маратон. За секој мал чекор напред многу се трудат. Високите цели станаа уште повисоки.

-Знаев дека ќе биде тешко. Но не знаев дека ќе биде толку многу тешко. Тоа е работа што треба да се работи 24 часа, 7 дена во неделата. Никогаш не прекинува. Нема слободно време. Нема паузи поради добро завршена работа. Нема слободни денови,- истакнува Џорџ.

Поради слепилото, тројката тешко распознава кога е ден, а кога ноќ, што дополнително им прави компликации во распоредот. Јадењето е тежок предизвик, храна има на сите страни и веднаш после тоа мора да се чисти. Потребно е да се менуваат и пелени.

И покрај се, оваа храбра мајка не се откажува: Нема да се откажеме и ќе одиме напред, макар споро, но сигурно. Само се молам на Бог дека ќе ги пополни дупките кои ние не можеме,- вели Лиз.

Брачниот пар станал познат откако се појавиле во емисија на доктор Фил, што им овозможило напредок со тројката. Од тој момент се пријавиле повеќе групи на луѓе, кои се понудиле привремено да им помагаат со Зи, Софија и Ема.

Оваа година тројката наполниле 19 години. Семејството е повлечено од јавноста, па нема информации како им е сега. Но, веруваме дека трудот вродил со плод.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави