За време на протест на фармацевти и претставници на веледгрогерии во градот Лахоре во Пакистан, се случи трагедија откако бомбаш-самоубиец се разнесе.
Трагичниот момент го регистрираа бројните камери кои беа на булеварот, а кои првично излегоа на терен за да го евидентираат протестот.
Од првичните информации, најмалку 13 лици се загинати, додека бројката на повредени е над 80 лица.
Властите велат дека биле предупредени од страна на федералната агенција за борба против тероризмот во вторникот, минатата недела дека самоубиствен напад може да се случи во Лахоре, поради што биле преземени дополнителни мерки на претпазливос, но и тоа не било доволно да се спречи денешниот напад.