fbpx
23.8 C
Skopje

Македонци купиле автомобил од Холандија, на враќање учествувале во сообраќајка кај Врање (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Во тешка несреќа која се случила вчера попладнето кај населбата Бресница, недалеку од Врање, на автопат, едно лице загинало, а три се повредени, информира Полициската управа Врање.

Според наводите на полицијата, несреќата се случила после 15 часот меѓу „голф“ со регистерски таблички од Бујановац и патничко возило „волво“ со холандски регистерски таблички.

Автомобил од марката „голф“ после судирот изллетал од патот, а притоа загинало едно лице, а најмалку 3 се повредени. Како што информира „Србија данас“, во автомобилот имало повеќе патници од различни места.

Патниците од вториот автомобил се полесно повредени, затоа што во возилото се активирале воздушните јастуци.

Станува збор за возило со холандски регитерски таблички, а во него имало македонски државјани, кои се враќале од Холандија, каде и го купиле автомобилот.

Кој точно ја предизвикал несреќата и што точно се случило полицијата ќе соопшти после истрагата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -